Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, оствари средба со г-дин Антониос Несторас, извршен директор на Европскиот Либерален Форум (ЕЛФ)
На средбата меѓу другото се разговараше и за Самитот во Солун на којшто пред 20 години е дадена европска перспектива на земјите од Западен Балкан, но и за бавниот процес на зачленување во Европската унија кој е неодржлив и го поттикнува евроскептицизмот.
Договорена е заедно да работиме на предлог за забрзување на постапката за членство во Унијата, кој се надеваме дека ќе добие поддршка и од граѓанскиот сектор и од Владите во регионот и во ЕУ.
Делегација на Европскиот либерален форум (European Liberal Forum) за сочинуваа:
- Antonios Nestoras, Извршен директор на ЕЛФ,
- Фјона Мекај, програмски соработник/офицер на ЕЛФ,
- Emil Kirjas, ко-автор на документот “Staged Integration for Future EU Enlargement”.
No comment yet, add your voice below!