Претседателката на ЛДП Моника Зајкова присуствуваше на приемот што го приреди амбасадорката Анџела П. Агелер, во чест на заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар.

Настанот се одржа попладнево во резиденцијата на амбасадорката и овозможи важни дијалози со фокус на потенцијалното членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Претседателка Зајкова во разговор со Ескобар, истакна дека како партија посветени сме на развивање на европските вредности и градење на добри меѓународни односи кои ќе и помогнат на нашата нација да напредува кон оваа цел.
Членството во ЕУ не е само политичка пресвртница, туку чекор кон поголеми економски, социјални и културни можности за секој граѓанин на земјава.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *