Форумот на жени на Либерално-демократската партија:
Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови
Во насока на континуирана грижа за правата и здравјето на жените во државата, предлагаме на Позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување да се најдат и медикаментите со кои се врши прекин на бременост под лекарски надзор и законски уредена постапка, на целата територија на државата, а воедно би се прекинало трагањето по медикаментите во соседните држави каде тие се достапни.
Планирањето на семејство значи и подобро репродуктивно здравје на жените и нивните семејства.
Абортусот е дел од здравствената заштита на жените, а секој поединец има право на здравствени услуги по највисоки можни страндарди, вклучувајќи ги придобивките од употребата на најновите научни сознанија.
Според досегашните искуства медикаментозниот абортус претставува ефикасна, безбедна и прифатлива опција за прекин на бременост.
Од осамостојувањето на државата, до денес, ниту едно средство за превенција и прекин на бременост не се нашло на Позитивната листа на лекови.
Во периодот на спроведување на проектот во рамките на ГАК Скопје, евидентно е дека скоро 70% од пациентките кои се обратиле во ГАК за абортус, по запознавање со придобивките и можните компликации, го избрале медикаментозниот метод, наспроти хируршкиот, а кај над 90% од изведените, тој бил успешно завршен.
Форумот на жените при ЛДП смета дека оваа здравствена услуга треба да им биде достапна на жените како алтернативна метода за прекин на бременост, и цени дека неопходна е потребата од внесување на таблетарната терапија со која се врши медикаментозниот прекин на бременост на Позитивната листа на лекови на товар на ФЗО.
.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *