Вчеравечер Општинската организација на ЛДП Битола го одржа 9-то изборно Собрание на кое Димитар Кузмановски е избран за нов претседател на битолските либерал-демократи.
Кузмановски е човек кој скоро 20 години е член на партијата, од член во младинската организација. чиј претседател станува подоцна, преку шеф на изборниот штаб на неколку наврати, до Секретар на ОО на ЛДП Битола.
Во минатото беше кандидат за советник на локалните избори во 2021 година, а претходно и кандидат за пратеник на изборите во 2011 година.
Пред повеќе од 150 присутни делегати, избран беше нов општински одбор и ново општинско раководство. За нов Секретар е избран Борче Груевски а за Потпретседатели избрани се Целе Јолевски и Анита Кузевска.
На ова изборно собрание присуствуваше и Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, Генераниот секретар , Боби Мојсоски, Потпретседателот, Валентин Груевски, како и други членови на ИО и ЦО на ЛДП.
No comment yet, add your voice below!