Либерално демократската партија отвори новата отворена канцеларија во центарот на Скопје, каде граѓаните ќе добијат можност да ја разгледаат програмата на партијата, како и да споделат свои идеи врз основа на кои ќе се креираат политики со цел подобрување на социо-економската состојба во државата.
Од тука ќе најавиме победата на Коалицијата која работи за доброто на сите граѓани!
Вратите на новиот Изборен штаб на ул. „Ленинова“ се отворени за сите граѓани кои сакаат да се запознаат со програмата и визијата на ЛДП и на Европската коалиција.
Ние не ветуваме лажно, ние исполнуваме.
Не се откажуваме, секогаш одиме до крај, овој пат до двојна победа.
Овие избори не се за никого освен за нас Македонците да си обезбедиме развој, прогрес и стабилност, бидејќи #СекојЕВажен
.
.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *