Од 23.03 до 25.03 во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на Фондацијата “Борис Дивковиќ“ и либералната партија од БиХ – “Наша странка“, се одржува меѓународна конференција на тема – “Политичко учество на жените од либералните партии од западен Балкан“ на која, покрај од ЛДП, учествуваат претставници/чки од сестринските либерални партии од регионов.
На конференцијата беше презентирана публикацијата “Политичко учество на жените во либералните партии на Западен Балкан” која произлезе од истражувањето спроведено минатата година во кое учествуваше и Форумот на жени на ЛДП. Исто така, се одржа и панел дискусија под наслов: “40% не е еднаквост”, на која учествуваше и Претседателката Форумот на жени на ЛДП.
Помеѓу другото, учесниците разговараа и за мапирање на регионални “gender“ проекти како и за креирање на екпертски мрежи и менторство во насока на размена искуства и на “добри практики“.
Свое учество на конференцијата имаат Претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска, Потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова, Генералниот секретар на ЛДП, Боби Мојсоски, Генералната секретарка на Форумот на жени, Евдокија Тасеска, како и членките на ИО на Форумот на жени на ЛДП, Виолета Здравковска, Андријана Цветановска и Анета Ефтимовска.
No comment yet, add your voice below!