Изминатиот викенд, во Подгорица, членот на ИО на ЛДП, Дејанчо Цветановски учествуваше на панелот кој се одржа во рамките на меѓународната конференција на тема: “Проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан со осврт на европската перспектива на Црна Гора по одржаните парламентарни избори”.
Конференција беше дел од конгресните активности на ЛПЦГ (Либерална партија на Црна Гора) по повод шестиот изборен конгрес на партијата.
На конгресот ЛПЦГ избра нов претседател, г-динот Ватрослав Белан (Vatroslav Belan), како и нови потпретседатели и членови на највисокото партиско раководство кои ќе ја водат партијата во наредниот период.
ЛДП и ЛПЦГ имаат долгогодишна успешна соработка, како на билатерален план така и во рамките на меѓународните либерални организации (Liberal South East European Network, ALDE Party – Liberals and Democrats for Europe). Во тој контекст беше и неговото обраќање и пред делегатите на конгресот изразувајќи поддршка на новоизбраното раководство со надеж за продолжување и продлабочување на соработката.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *