Цветанка Геговска, успешно ја заврши најсовремена наставна програма за жени Академијата “The Alliance of her”.
Нашата членка на Извршниот одбор заедно со сегашните и идните лидерки од Источна Европа ги усоврши знаењата и вештините за подобрување на позицијата и зголемување на влијанието на жените во сите сегменти на општеството.
Целта на програмата е да помогне во развојот на сопствена стратегија за успешно спроведување на идни проекти, кариерен развој но и вештини за комуникација со јавноста и градење на личноста како бренд.
Оваа година дел од Академијата беа 19 жени од 12 политички партии во 9 држави од Источна и Југоисточна Европа.
Во организација на Friedrich Naumann Foundation Southeast Europe во соработка со ALDE Party – Liberals and Democrats for Europe завршниот модул се одржа во Тбилиси, Грузија.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *