“Секој е важен! Овде и сега!“
Караванот ги посети жителите на Зелениково каде ги презентиравме нашите замисли и проекти кои ги предлагаме за наредниот период но и ги слушнавме нивните предлози и идејни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат.
Нови детски игралишта, зелени површини, паркови за пензионери и зголемена хигиена, побезбедни премини за пешачите се само дел од идеите што жителите на Зелениково ги споделија со нас.
За нас како политичка партија сите мислења и предлози се ВАЖНИ. Секој глас мора да биде слушнат и уважен.
Секоја идеја може да доведе до општествена промена.
Предложете ја вашата иницијатива преку нашата веб-страница: https://ldp.mk/sekoj-e-vazen/
Заедно можеме да направиме #Зелениково да биде уште подобро место за живеење!
.
No comment yet, add your voice below!