Согласно анализите во вториот квартал од годинава во споредба со истиот период лани добивката на банките е зголемена за дури 35,3%.
Апелираме што е можно поскоро да се разгледа Законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка, за да ги заштитиме граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките.
Сведоци сме на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните.
Свесни сме дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит.
Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост.
Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *