Родова еднаквост, дискриминација врз основа на пол, меѓународни стандарди и можни насоки на дејствување, како и „Економско и политичко зајакнување на жените“ преку застапеноста на жените во законодавните тела, беа темите на кои активно говореа либерал-демократките од ЛДП, како и преставничките на сестринските либерални партии од Босна и Херцеговина и Црна Гора на регионалната родова конференција во Сараево во организација на Фондацијата „Борис Дивковиќ“.
На настанот предаваа експертот за родова еднаквост Аднан Кадрибашиќ, Анела Лемеш, програмски координатор на канцеларијата на UN Women во Босна и Херцеговина, од Родовиот центар на Владата на БиХ, Лејла Ходовиќ и многу други.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *